
Дознајте дали на вашиот знак дневниот хороскоп ќе му донесе многу среќа.
Астролог Олга Савиќ
БЛИЗНАЦИ
На вашата харизматичност и позитивна енергија денес е невозможно да се одолее. Ќе ширите добро расположение, а ова позитивно влијание искористете го за да обавите разговор кој ви е битен. Нема грешки во контактот со спротивниот пол – оставате неизбришлив впечаток.
РАК
Нешто што досега сте го одложувале доаѓа на дневен ред и ќе бидете изненадени колку лесно и без проблеми ќе успеете да го решите. Одличен ден за бирократија, договори и контакти со нови клиенти. Можност за познанства со исклучително интересни луѓе.
ШКОРПИЈА
Енергијата на денешниот ден баш и не ви одговара, но ќе се трудите да бидете коректни и кон соработниците, но и да ги испочитувате обврските што ги имате. Во суштина – најмногу би ви одговарало денот да го поминете со пријателите – тие ве опуштаат.
ВАГА
Ако сте нервозни – нервозни сте. Но, дури и оваа нервоза може да оди во ваша корист, бидејќи ќе ве „натера“ да се придвижите, брзо да размислувате и да остварите многу повеќе отколку што сте планирале! Со повеќе такт, односот со саканата личност ќе функционира добро.
БИК
Некому со кого деловно комуницирате многу му се допаѓа начинот на кој размислувате и идеите што ги имате. Можно е да добиете понуда за средба или да ви биде предложена соработка. Со саканата личност имате одлична комуникација. За слободните – нови познанства.
РИБИ
Комуникацијата со соработниците или клиентите денес е поинтензивна од вообичаено, и тоа ви ја одзема енергијата и ве исцрпува. Сепак, нема да можете да кажете дека сте незадоволни од резултатите. Во контакт со спротивниот пол сте духовити, интересни и освојувате.

