
Дали е на повидок значаен пресврт во затегнатите трговски односи меѓу САД и Кина?
Американскиот претседател Доналд Трамп за првпат навести подготвеност за средба со кинескиот лидер Си Џинпинг, но под еден интересен услов. Од кого зависи овој потенцијален состанок на високо ниво?
-
Пиво
699 ден
524.25 ден
Според извештајот на Си-Ен-Ен, Трамп ја оставил отворена можноста за дијалог со Си Џинпинг. Ова е прва ваква изјава откако тој ја ескалира трговската војна, воведувајќи високи царини за поголемиот дел од кинеската стока. На прашањето дали ќе разговара со Си, Трамп одговорил: „Можеби, да, се разбира, во зависност од тоа што ќе каже Скот“. Станува збор за министерот за финансии, Скот Бесент, кој заедно со други американски претставници, треба да има средби со кинески официјални лица претстојниов викенд.
Американскиот претседател, исто така, даде до знаење дека нема да разгледува воведување единствени царини за кинеските производи. Моментално, најголемиот дел од кинескиот извоз во САД се соочува со царински давачки од најмалку 145 проценти. „Не можете повеќе. Сега е на 145, така што знаеме дека ќе паѓаат“, изјави Трамп во Овалната соба. Оваа изјава ја дал по објавувањето на трговскиот договор со Велика Британија.
-
Дарт Вејдер
699 ден
524.25 ден -
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
La Linea v12
699 ден
524.25 ден -
La Linea v14
699 ден
524.25 ден -
Добро утро
699 ден
524.25 ден -
Бетмен силуета
699 ден
524.25 ден








