
Фокус на нуклеарното разоружување наместо на украинското прашање
Трамп пред новинарите откри дека потенцијалната средба со Владимир Путин и Си Џинпинг би можела да се реализира на маргините на претстојниот самит на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК), кој ќе се одржи на 18 и 19 ноември во кинескиот град Шенжен. Тој нагласи дека средбата би се случила дури и ако на неа не присуствуваат украински претставници.
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
Според американскиот претседател, во фокусот на разговорите на трите велесили нема да биде војната во Украина, туку нуклеарното разоружување. Тој повторно го критикуваше Зеленски тврдејќи дека украинскиот лидер „не знае за што зборува“ и дека можел да постигне многу поповолен договор со Москва доколку ги прифател неговите претходни предлози.
Остри реакции од Киев и претпазливост од Москва и Пекинг
Најавата за евентуален самит зад затворени врати предизвика загриженост во Киев. Украинскиот министер за надворешни работи, Андриј Сибиха, предупреди дека разговорите меѓу САД, Русија и Кина без учество на украинската страна би го постигнале токму спротивното – дополнително би го охрабриле Путин да ја продолжи војната.
Од друга страна, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, потврди дека била спомената таква идеја, но додаде дека засега нема конкретен договор ниту утврдена агенда. Кинеското Министерство за надворешни работи исто така соопшти дека нема официјални информации за подготовка на ваква трилатерална средба. Во меѓувреме, Путин останува на ставот дека нема да се сретне со Зеленски сè додека не биде подготвен конечен мировен договор.
„Искрено, мислам дека е време некој друг да преговара во име на Украина. Ќе се сретнам со нив, но не толку поради Украина. Ќе разговараме за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување“, порача Трамп пред новинарите.


