
Ограничувања на движењето и црн биланс од немирите
Ноќниот полициски час важи од 23:00 до 06:00 часот. Во главниот град тој ги опфаќа централните делови, вклучително и плоштадот Република и трговскиот кварт Ле Ал, додека слични рестрикции се воведени и во Марсеј, Бордо, Ница, Лион и Лил. Протестите, кои првично почнаа минатиот месец со студентски барања за подобри услови во образованието, брзо прераснаа во масовен револт против високите трошоци за живот, поскапувањето на горивата и лошите јавни услуги.
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
За време на викендот, на улиците излегоа околу 550.000 демонстранти, а во многу градови избувнаа насилни судири со полицијата. Според официјалните податоци, уапсени се над 2.500 лица, а повредени се околу 1.000 полицајци. Министерот за внатрешни работи, Лоран Нуњез, призна дека полицијата во одредени моменти ја изгубила контролата и понуди оставка, која претседателот Емануел Макрон ја одби.
Footage shows law enforcement officers and deserted streets in Paris as partial curfews take effect in parts of France following weekend demonstrations over soaring prices that escalated into some of the country’s worst street violence in recent years. pic.twitter.com/quqrTl072V
— Al Arabiya English (@AlArabiya_Eng) October 20, 2026
Милионски штети и предупредувања за странските државјани
Ескалацијата на насилството остави пустош зад себе. Според француските стопански комори, повеќе од 2.000 продавници и компании биле директно погодени и ограбени, а материјалната штета се проценува на стотици милиони евра. Меѓу најоштетените објекти е градската куќа во Лимож од 19 век, каде во подметнат пожар целосно се урнаа покривот и саат-кулата.
Поради сериозноста на ситуацијата, САД, Кина и Германија веќе издадоа официјални предупредувања до своите државјани да ги избегнуваат подрачјата зафатени со немири во Франција.
„Ја следиме ситуацијата од час во час и не ја исклучуваме можноста за прогласување на вонредна состојба. Владата веќе подготвува пакет на финансиска помош за подрачјата и бизнисите кои се најтешко погодени од овие вандалски чинови“, најави францускиот премиер Себастијан Лекорну.


