во , ,

Трчало по возилото на итна помош сè до болница: Ова куче докажало што значи безусловна љубов

Луѓето на интернет се согласни – ваквиот гест на љубов и верност уште еднаш покажал зошто кучето е најдобар пријател на човекот.

Верното куче од Турција ги допрело срцата на луѓето ширум светот откако трчало по возилото на итната помош во кое било неговата сопственичка.

Имено, на сопственичката и се слошило и со возило на итна помош била префрлена во болница, пренесува “HRT Haber”.

Реклама

Девојката имала доволно сила сама да влезе во возилото, но на нејзиното куче тоа не му било дозволено. Но, тоа не го спречило кучето трчајќи да го следи возилото на итната помош се до болница.

Кога дошле во болницата, кучето го чувало болничкиот персонал додека неговата сопственичка добивала помош.

Верното куче едноставно не сакало да се тргне од вратата зад која се наоѓала неговата сопственичка.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

11 Илустрации ги прикажуваат типичните видови на туристи што ги гледаме на секој летен одмор

51 Дизајнерски фејлови кои изгледаат гадно и ќе ве натераат да се чувствувате некомфортно