во

УБИСТВО ВО БЕРЛИН: 27-годишник од Македонија изрешетан со повеќе куршуми во населбата Нојкелн

Тешко убиство ја потресе берлинската населба Нојкелн во раните утрински часови во понеделникот, откако 27-годишен државјанин на Македонија беше брутално застрелан на улица. И покрај брзата интервенција и обидите за реанимација од страна на службите за итна помош, младиот човек им подлегнал на повредите на самото место.

Следен од двајца мажи, па егзекутиран

Според информациите кои ги пренесуваат германските и албанските медиуми, крвавиот инцидент се случил околу 02:40 часот по полноќ на раскрсница во Нојкелн. Регионалните медиуми објавија дека жртвата, која потекнува од скопското село Радуша, била следена од двајца мажи пред да биде извршен нападот. Откако му се приближиле, кон 27-годишникот биле испукани повеќе куршуми, при што еден од нив бил фатален, погодувајќи го директно во пределот на главата.

Напаѓачите во бегство, полицијата трага по мотивот

Супер Попуст -25%

Берлинската полиција официјално потврди дека се случило пукање со повеќе истрели. Полициските службеници кои први пристигнале на местото на настанот веднаш започнале со реанимација, но обидите да се спаси животот на тешко ранетиот млад човек биле безуспешни. Веднаш по егзекуцијата, двајцата напаѓачи побегнале во непознат правец и германските власти сè уште активно трагаат по нив.

„На местото на убиството е извршен детален увид, а истражителите ги обезбедуваат и анализираат пронајдените чаури во обид да стигнат до сторителите.“

Германските власти засега не објавуваат официјални детали за идентитетот на жртвата, ниту пак ја откриваат можната заднина на ова брутално убиство. Истрагата е во тек, а полицијата работи на расветлување на мотивите и лоцирање на убијците кои извршиле ликвидација на отворена улица.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ПОЖАРИТЕ ШТО ГО ГУШЕА СКОПЈЕ СЕ ИЗГАСНАТИ: Останаа само три активни жаришта во државата

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО КИЕВ: Главниот обвинител на Украина поднесе оставка поради заштита на нелегални кол-центри