
Викенд прогноза: Циклонска активност носи јужен ветер и затоплување, но и врнежи
Првиот викенд од новата година започнува со променливо време. Денеска се очекува променлива облачност, која во западните делови ќе донесе локални врнежи од дожд, додека на повисоките планини ќе паѓа снег. Ќе дува умерен, а наместа и засилен ветер од јужен правец, кој ќе придонесе за пораст на температурите во наредните денови.
Времето во Скопје и изгледи за следните денови
-
Кафе и пиво
699 ден
524.25 ден
Утринските температури се движеа од студени -8, но дневните ќе се искачат до пријатни 12 степени. Во Скопје не очекува слично време – променливо облачно со услови за слаб дожд и температура до 8 степени. Од УХМР најавуваат дека сме под влијание на циклонска активност, што значи дека и во наредните денови ќе имаме јужно струење и повремени врнежи, но нема да биде екстремно студено.


