
Фолксваген ја отвора вратата за производство на воени возила
Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ сигнализира дека е подготвен да учествува во проекти поврзани со одбранбената индустрија. Претседателката на работниот совет на компанијата, Даниела Кавало, изјави дека производителот на автомобили е отворен за развој и производство на воени возила, нагласувајќи дека Европа мора да ја зајакне својата одбранбена независност.
-
La Linea v5
699 ден
524.25 ден
Во изјава за германската новинска агенција ДПА, Кавало посочи дека геополитичките промени и зголемените безбедносни ризици ја наметнуваат потребата Европа да има посилна и поавтономна одбранбена индустрија.
Фабриката во Оснабрик како потенцијален центар
Една од можните локации за вакви проекти е фабриката на Фолксваген во Оснабрик, во германската покраина Долна Саксонија. Производството на моделите на Порше во овој погон ќе заврши до крајот на годината, додека производството на кабриолет верзијата на Volkswagen T-Roc е планирано да престане околу средината на 2027 година.
Ова отвора простор фабриката да добие нова индустриска намена, меѓу кои и развој на возила за воени или одбранбени цели.
MAN веќе произведува воени камиони
Кавало потсети дека во рамките на групацијата Volkswagen веќе постои искуство во одбранбениот сектор. Подружницата MAN со години произведува воени камиони во партнерство со германската одбранбена компанија Rheinmetall.
Во февруари прототипи на возила развиени во Оснабрик беа претставени на саем за одбранбена индустрија, со цел да се испита интересот на пазарот за вакви производи.
Автомобилската индустрија под притисок
Кавало предупреди дека автомобилската индустрија се соочува со несигурна иднина поради геополитичките конфликти, трговските спорови и економските промени. Поради тоа, компаниите бараат нови индустриски насоки и пазари.
Во исто време, таа ја отфрли можноста за нови програми за штедење на сметка на работниците. По долгите преговори со синдикатот IG Metall, „Фолксваген“ веќе договори реструктуирање со кое ќе се намалат 35.000 работни места во Германија до 2030 година.
Сепак, договорот со синдикатите гарантира дека затворање фабрики и присилни отпуштања нема да има, а мерките треба да обезбедат постепена трансформација на производството и стабилност на работните места.
-
La Linea v27
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Балтазар
699 ден
524.25 ден








