
Франција е на прагот на голема промена во борбата против пушењето.
Француската министерка за здравство и семејство, Катрин Вотрен, најави дека од 1 јули сите јавни места на отворено, како плажи, паркови, реони околу училиштата, станици и постојки на јавниот превоз и спортски стадиони, ќе бидат прогласени за „зони без тутун“.
„Слободата на пушење завршува таму каде што почнува правото на децата да дишат чист воздух“
Мотото на оваа нова регулатива е јасно и недвосмислено: „Каде што има деца, тутунот мора да исчезне. Слободата на пушење завршува таму каде што почнува правото на децата да дишат чист воздух“, изјави Вотрен за францускиот дневен весник „Уест Франс“.
Според министерката, казните за прекршителите на оваа забрана ќе изнесуваат до 135 евра. Иако некои француски општини веќе од претходно воведоа ваква забрана на локално ниво, од 1 јули таа ќе важи на територијата на цела Франција, што покажува унифициран пристап во борбата против пушењето.
Исклучоци и идни планови: Тераси и електронски цигари
Сепак, пушењето класични цигари и натаму ќе биде дозволено на терасите на кафулињата. Исто така, забраната нема да важи за електронските цигари, кои и натаму ќе може слободно да се пушат на отворено. Првично се најавуваше дека покрај новите мерки против пушењето, ќе биде воведена и забрана за продажба на цигари на лица помлади од 18 години. Засега, таква одлука не е донесена.
Сепак, според Вотрен, не е исклучена и таква забрана во иднина. Овие забрани се во рамки на мерките на француската Национална програма за контрола на тутунот за периодот 2023-2027 година. Тие се усогласуваат со Планот на Европската комисија за борба против ракот, кој има за цел создавање „генерација без тутун“ до 2040 година. Тоа значи состојба во која цигари би пушеле помалку од пет проценти од населението на ЕУ.
- 
La Linea v1699 ден
 559.20 ден
- 
Петок699 ден
 559.20 ден
- 
La Linea v3699 ден
 559.20 ден
- 
Спаси ја водата, пиј пиво699 ден
 559.20 ден
- 
Јас сум толку стар699 ден
 559.20 ден
- 
Џаст До Ит!699 ден
 559.20 ден
 
 
 








