во ,

Доставувач на цвеќе падна во отворен гроб, снимката има 60 милиони прегледи

На социјалните мрежи кружи снимка од еден погреб, наводно во Еквадор, кој го обележал бизарен инцидент.

На самиот почеток, го гледаме ожалостеното семејство кое го испраќа својот член, а меѓу нив и доставувач кој дошол да донесе цвеќе.

Поминал без потешки последици

Супер Попуст -25%

Додека се обидувал да пријде поблиску, тој не го забележал свежо ископаниот гроб кој се наоѓал веднаш зад него. Тоа било клучна грешка… Момент подоцна, младичот паднал директно во дупката, додека присутните останале во шок. Некои ги покриле лицата со раце, додека други веднаш притрчале да му помогнат и да го извлечат.

За среќа, момчето поминало без посериозни повреди, а цело време во рацете го држел цвеќето што го донел за последниот поздрав.

Повеќе од само пех – снимка со 60 милиони прегледи

Снимката до денес е прегледана повеќе од 60 милиони пати, што ја прави една од најгледаните и најкоментираните содржини на мрежите во последно време.

Сподели:
Есенски Попуст -25%

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Одиш побрзо од 6 км/ч? Во Словачка наскоро ќе платиш казна

Македонскиот економски парадокс: Помалку храна во фрижидерот, повеќе облека во плакарот