
Според германскиот министер за внатрешни работи, Александер Добринт, нападот е извршен со средства типични за руските хибридни операции. Подготовката на оваа саботажа се одликувала со „високо ниво на техничка експертиза и значителен организациски напор“, вклучувајќи специфична конфигурација на дронот, компоненти и експлозиви. Како одговор, Владата предводена од канцеларот Фридрих Мерц најави казнени мерки: затворање на Рускиот дом во Берлин (осомничен за шпионажа), затворање на рускиот генерален конзулат во Бон, дополнително ограничување на влезот на руски државјани и построги акции против руската „флота во сенка“.
Критики за блага реакција и брутални закани од Москва
-
La Linea v1
699 ден
524.25 ден
Дел од германскиот политички спектар смета дека овие мерки се недоволни. Портпаролката за безбедносна политика на Зелените, Сара Нани, оцени дека мерките се преслаби за да ја заплашат Москва, додека Родерих Кизеветер од ЦДУ побара итна испорака на крстосувачки ракети „Таурус“ за Украина и активирање на членот 4 од договорот на НАТО. Реакцијата од Москва беше брза и агресивна. Претседателот Владимир Путин ги нарече обвинувањата „фалсификат“, додека Дмитри Медведев упати директна закана, порачувајќи дека германските производствени капацитети за воена техника и одредени локации во Берлин „заслужуваат директен удар“.
Хибридна војна и домашна политичка дестабилизација
Иако експертите и владините претставници децидно тврдат дека Германија правно не е во отворена војна со Русија, министерот за надворешни работи Јохан Вадефул призна дека државата е руска „воена цел“. Безбедносниот експерт Зенке Мараренс посочува дека акциите како онаа во Лајпциг се дел од стратегијата за намалување на германската поддршка за Украина.
Ова хибридно и психолошко војување има длабоки импликации врз германската внатрешна политика, особено пред клучните покраински избори во Саксонија-Анхалт. Стравувањата се дека руската кампања на дестабилизација директно оди во прилог на екстремно десничарската АфД, партија која се противи на воената поддршка за Украина и се залага за нормализација на односите со Москва, експлоатирајќи го стравот кај источногерманското население од вовлекување во конфликтот.
„Не сме во војна, но секојдневно сме цел на хибридно војување. Иако правната дефиниција за вооружен конфликт не е исполнета, инцидентот во Лајпциг претставува класичен обид за терористички чин со цел психолошка дестабилизација.“


