
Популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ се соочила со помали здравствени проблеми и поради тоа не присуствувала на вчерашното снимање на „Ѕвездите на Гранд“. Наместо неа, на снимањето ја замени Санја Вучиќ.
-
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден

Цеца денеска се вратила во студиото на „Гранд“ и открила што се случило. Таа изјави дека последните неколку дена била болна и завршила на инфузија. „Не се чувствувам баш најдобро. За мојот одличен изглед е заслужна инфузијата,“ изјави Цеца за медиумите, објаснувајќи дека станува збор за класична инфузија и дека болеста брзо поминала.
Фановите можат да бидат мирни, бидејќи пејачката веќе е на поправка и се вратила на своите професионални обврски.


