во , ,

Часовникот отчукува! Не е прашање дали ќе се случи, туку кога! Доаѓа катастрофа и цунами бран од 30 метри кој ќе избрише цели градови!

Најновите истражувања на сеизмолозите и океанографите укажуваат на застрашувачки природни феномени кои би можеле да ги погодат Соединетите Американски Држави.

Според студија спроведена на Универзитетот Колумбија, која е објавена во престижното списание Earth-Science Reviews (ESR), научниците предвидуваат можност од разорни земјотреси и цунами бранови со висина до 30 метри долж пацифичкиот брег на Северна Америка.

Ова истражување, кое се потпира на анализа на сеизмички податоци од последните 200 години, покажува дека регионот Каскадија, кој се протега од северна Калифорнија до Британска Колумбија во Канада, се наоѓа на работ на голема сеизмичка катастрофа.

Доколку овие прогнози се остварат, последиците би можеле да бидат незамисливи, вклучувајќи масовни разорувања, загуба на човечки животи и економски колапс на Западниот брег на САД.

Каскадија: Тивок претходник кој демне под површината

Научниците веќе долго време предупредуваат на опасноста од субдукционата зона Каскадија, една од најопасните сеизмички зони на планетата.

Овој регион се наоѓа на спојот на Северноамериканската и Хуан де Фука тектонска плоча, каде што втората се подвлекува под првата, создавајќи огромен притисок кој може да се ослободи во вид на мегаземјотрес.

Последниот голем земјотрес во Каскадија се случи на 26 јануари 1700 година, кога потрес со магнитуда од 9.0 предизвика гигантско цунами кое го премина Тихиот Океан и удри во бреговите на Јапонија. Иако зоната на субдукција Каскадија на прв поглед изгледа мирна, сеизмолозите знаат дека тоа е измамлива тишина – во прашање е темпирана бомба, чија детонација ќе донесе огромни последици.

Студијата на Универзитетот Колумбија го идентификува надворешниот клин (зона помеѓу епиконтиненталниот појас и падината) како клучен фактор кој влијае на висината на цунамито. Во поедини области, овој клин ќе биде многу тесен, додека во други региони ќе има пошироки димензии, што значи дека одредени области ќе бидат изложени на екстремни бранови и дополнителни ризици.

Цунами бранови високи како десеткатници

Колку е опасно цунами од 30 метри? Експертите предупредуваат дека таков бран, кога би удрил на брегот, би бил катастрофален.

За споредба, цунамито кое ја погоди Индонезија во 2004 година беше високо околу 20 метри, а предизвика смрт на повеќе од 230.000 луѓе ширум бреговите на Индискиот Океан.

Доколку сличен настан се случи на западниот брег на САД, градови како што се Сиетл, Портланд, Сан Франциско и Лос Анџелес би можеле да бидат тешко погодени.

Најголем ризик претставува можноста водата да навлезе во копното километри, уништувајќи инфраструктура, електрани, патишта, мостови и станбени објекти.

Научниците предупредуваат дека цунамито ќе изгледа како „парче торта” во споредба со севкупните последици – тоа значи дека пукнатините во земјиштето, лизгањето на земјиштето и тектонските промени можеби ќе претставуваат уште поголем проблем.

Разорување од невидени размери: Какви ќе бидат последиците?

Ако се остварат најцрните прогнози на сеизмолозите, Западниот брег на САД ќе се соочи со сценарио слично на постапокалиптичен филм. Последиците од вакво сценарио вклучуваат:

Масовни човечки жртви – Милиони луѓе кои живеат во крајбрежните градови ќе бидат директно погодени.

Екстремни разорувања – Згради, мостови, патишта и пристаништа ќе бидат уништени од брановите и потресите на земјата.

Колапс на економијата – Американската економија, која во голема мера се потпира на технолошките гиганти од Калифорнија и трговските пристаништа на Запад, ќе претрпи несогледливи загуби.

Можен прекин на глобалните синџири на снабдување – Бидејќи Лос Анџелес и Сан Франциско се клучни за трговијата меѓу Азија и Америка, секој прекин во работата на овие пристаништа би можел да предизвика глобален економски хаос.

Дали Америка е подготвена за ваква катастрофа?

Се поставува клучно прашање: дали се Соединетите Американски Држави подготвени за вакво сценарио? Според истражувањата на FEMA (Федерална агенција за вонредни ситуации), повеќе од 70 проценти од зградите во Калифорнија и Орегон не се проектирани да издржат земјотрес со магнитуда од 9.0 или посилен.

Плановите за евакуација се ограничени, а тековниот систем за рано предупредување не е доволно развиен за да го предупреди населението на време. Сеизмолозите сметаат дека Лос Анџелес, Сан Диего и Сан Франциско би можеле да бидат погодени во рок од само неколку минути по земјотресот, додека цунамито би стигнало за помалку од еден час.

Посебен проблем претставува недоволната свест на јавноста – милиони луѓе сè уште не сфаќаат колку е голема опасноста од мегаземјотрес и цунами, иако научниците со години предупредуваат на оваа можност.

Најновите предвидувања за катастрофални земјотреси и цунами во САД се сериозно загрижувачки за научниците и експертите за вонредни ситуации. Зоната на субдукција Каскадија веќе векови подготвува разорна експлозија, која би можела да го промени лицето на Северна Америка засекогаш.

Сеизмолозите предупредуваат дека нема начин да се спречи овој природен феномен, но можат да се преземат мерки за заштита за да се намалат жртвите и економските последици. Меѓутоа, прашањето останува: дали САД ќе успеат да се подготват пред да биде предоцна?

Едно е сигурно – денот кога Каскадија повторно ќе проговори ќе биде ден кога светот ќе види еден од најразорните природни феномени во модерната историја.

Сподели:
Уникатни Маици

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Прво огласување на Трамп по историскиот договор со Украина: Го спомена и Зеленски – дали се наѕира крај на војната?!

Украинската војска пред свршен чин: Паѓа големиот адут на Киев во преговорите, се заканува опколување од сите страни