
Балканскиот политички ветеран, кој 13 години владее со Албанија, очигледно се заигра со сили кои се далеку над неговото ниво. Од најверен војник на империјата на Сорос и демократите во САД, Рама сега панично се обидува да фати приклучок кај администрацијата на Трамп, нудејќи албански острови за елитни летувалишта и воени бази. Но, неговата досегашна идеолошка опција не простува неверство, па тој одеднаш се соочи со тактиките што самиот ги спонзорираше низ регионот – обоени револуции и масовни протести во сопствениот двор.
Крај на послушноста и промена на курсот во Македонија
-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден
За разлика од минатото, кога Рама креираше платформи и договараше македонски влади во неговиот кабинет во Тирана, ситуацијата денес е драстично променета. Македонија веќе не е „чергиче за бришење на патиките“ на албанскиот премиер, туку држава која, преку новата влада, активно ги обновува врските со македонското малцинство во Пустец и решително ги штити националните интереси. Времето кога Рама со потсмев зборуваше за македонските политичари пред европските лидери е дефинитивно завршено.
„Рама целосно го промашува моментот, мислејќи дека ова е 2017 година и дека повторно може со помош на меѓународниот фактор да бира премиери и коалиции во Македонија.“
Очајнички потези и барање надворешни непријатели
Соочен со силен внатрешен притисок и граѓански протести поддржани од прогресивните западни медиуми, Рама почнува да повлекува очајнички потези. Во обид да ја дефокусира јавноста, тој несмасно обвинува дека зад протестите стојат странски служби – ирански, грчки, па дури и македонски агенти. Уплашен од растот на опозицијата и губењето на регионалната контрола преку ДУИ, Рама покажува сериозни знаци на политичка слабост во регион кој веќе не ги толерира неговите интриги.


