Чувала една баба сама на село 2000 овци. Доаѓа новинарка да направи репортажа за тоа, па ја прашува бабата:
– Кажете ни вие бабо, како успевате сами да чувате 2000 овци?
Бабата:
– Па, јас тоа го правам цел живот, навикната сум јас на тоа.
Новинарката:
– А колку тежи една овца?
Бабата:
– Црна или бела?
Новинарката:
– Па, да речеме бела.
Бабата:
– 30 кг.
Новинарката:
– А црна?
Бабата:
– Па, исто.
Новинарката:
– Добро, а колку млеко дава една овца?
Бабата:
– Црна или бела?
Новинарката:
– Па, да речеме бела.
– Па, 2 литра.
– А црна? – праша новинарката
– Па, исто.
– Добро, а колку волна добивате од една овца?
– Црна или бела? – прашува бабата
– Да речеме црна.
– 3 кг. – одговара бабата
– А бела?
– Па, исто.
Новинарката се изнервирува бидејќи бабата ја зафркава.
Новинарката:
– Па, добро, која е разликата помеѓу црните и белите?
Бабата:
– Па, белите се мои.
Новинарката прашува:
– А црните?
А бабата ќе рече:
– Па, и тие се мои.