во ,

ШОК ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ: Мицкоски тврди дека е потпишано укинувањето на линеарното покачување!

Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека располага со информации оти судија известител веќе ставил потпис на конечниот извештај со кој се укинува линеарното зголемување на пензиите, почнувајќи од следниот месец.

„Ќе кажам дека вчера за време на пратеничките прашања бев многу прецизен и кажав дека имам информации дека е отпочната постапка“, изјави Мицкоски, додавајќи дека наскоро ќе се дознае дали неговите информации се точни.

„Кој свесно удира по стандардот на 330.000 пензионери?“

Супер Попуст -25%

Мицкоски истакна дека со оваа мерка Владата имала за цел да го подобри животниот стандард на околу 330.000 до 350.000 пензионери. Иако изјави дека посакува да не е во право, тој упати остра критика кон Уставниот суд: „Што ако сум во право? Тогаш кој е тој што прави хаос и кој свесно удира по стандардот на пензионерите? Некој друг има поинакви намери“, дециден е премиерот.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриена причината за труењето во Влае: Фекални бактерии во мусаката и на чешмите!

ХАОС ВО КРАГУЕВАЦ: Се урна пат и ѕид на дивоградба, инвеститорот одбиен за дозвола вчера!