во ,

„ШТЕТАТА Е ТОТАЛНА“: Градоначалникот на Загреб најави можно рушење на облакодерот „Вјесник“!

„Штетата е тотална“: Градоначалникот на Загреб потврди дека пожарот во култниот облакодер „Вјесник“ направил пустош, а огнот сè уште не е целосно згаснат.

Малку пред полноќ, во небодерот на Славонска авенија избувна пожар кој се прошири вертикално, зафаќајќи неколку ката и покривот. Градоначалникот Томислав Томашевиќ, кој утрово го посети местото, ги опиша сцените како ужасни.

„Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор… За жал, штетата е целосна“, изјави Томашевиќ.

Ќе се руши или ќе се обновува?

Градоначалникот истакна дека иако засега нема непосредна опасност од уривање, иднината на зградата е неизвесна. „Мнозински сопственик е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или ќе се обнови“, рече тој. Причината за пожарот сè уште е непозната, но најважно е што нема човечки жртви.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ДРАМА ВО ЗАГРЕБ: Гори култниот небодер „Вјесник“, пожарникарите се повлекоа поради опасност!

Трамп отвора Пандорина кутија: „Ќе објавам сè за Епштајн, но знам дека нема да ви биде доволно!“