
Македонскиот лекар Ненад Цоневски, кој во Софија прегази куче што било маалски миленик, е обвинет за „екстремна суровост кон ‘рбетно животно, што резултирало со сериозни повреди“, објавија бугарските медиуми.
Окружното обвинителство на Софија, по испрашувањето на сведоците и спроведувањето на видео-технички преглед, информирало дека собраните докази покажуваат намера. Откако ќе биде објавен ветеринарно-медицинскиот преглед, обвинението може да биде преквалификувано. Кучето било живо по прегазувањето, посочија од Обвинителството.
Суспендиран од ВМА, му се заканува затвор
-
La Linea v12
699 ден
524.25 ден
Цоневски се соочува со затворска казна од 1 до 5 години ако се докаже намера. На распитот тој негирал дека намерно го прегазил кучето.
Додека трае истрагата, Цоневски е суспендиран од работното место на Воено-медицинската академија (ВМА) во Софија. Во меѓувреме, тој се вратил во родното Делчево.


