
МОН дава нова шанса: Студентите кои го испуштија рокот, ќе можат да аплицираат за студентски оброк до 16 ноември.
За студентите кои го испуштија првиот рок за пријавување за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк (кој беше од 1 до 5 ноември), Министерството за образование и наука овозможи дополнителен рок за пријавување. Новиот рок започнува од денеска (13 ноември) и ќе трае до 16 ноември.
-
Апсана
699 ден
524.25 ден
Од МОН објавија дека кандидатите треба да се пријават електронски на e-uslugi.mon.gov.mk. Тие исто така појаснија дека сите студенти кои ќе го остварат правото ќе почнат да ги примаат средствата во месецот што следува по завршувањето на месецот во кој се пријавиле. За сите прашања, студентите можат да се обратат на: [email protected].


