
Никола Јокиќ продолжува да ги поместува границите во НБА лигата.
По уште една доминантна партија и нов трипл-дабл, српскиот центар се вклучи во програмата на американска телевизија каде во студиото го чекаа легендите – Трејси Мекгрејди и Кармело Ентони. Иако повторно беше централна фигура на мечот, Јокиќ, во својот препознатлив манир, фокусот го префрли на тимот и објасни што е клучот за успехот на Нагетс на почетокот на сезоната.
„Пред сè, го цениме ова. Погледни се, ја чешкаш брадата. Во фазон си, ‘ма тоа е лесно, ништо страшно’. Три трипл-дабла за почеток на сезоната. Можеш ли да ни кажеш нешто повеќе?“, го прашала водителката, на што Јокиќ одговорил:
„Ма, само се обидуваме да се уиграме, имаме хемија… дури и јас и Јонас (Валанчиунас) игравме заедно во претсезоната… Мислам дека имаме различни опции. Можеме да поставиме различни петорки на теренот, така што мислам дека можеме да бидеме добри.“
„Тој е причината зошто победивме!“
Тогаш во разговорот се вклучи легендарниот Трејси Мекгрејди, кој ја забележа неверојатната партија на Џамал Мареј (43 поени) и го праша Јокиќ дали разговарал со соиграчот за неговата агресивност. Одговорот на Србинот покажа зошто е лидер без конкуренција.
„Мислам дека дојде подготвен на тренинг-кампот. Тој е здрав… работеше на своето тело и е во форма. Тоа е производ на добрата работа што ја заврши ова лето“, почна Никола, а потоа испука реченица што ги воодушеви сите:
„Агресивен е, погоди неколку тешки шутеви… Тој беше навистина добар за нас и тој е причината зошто го победивме натпреварот!“
„Што има, бебо?“
По Т-Мек, збор зеде и поранешниот ас на Денвер, Кармело Ентони, кој го интересираше како Јокиќ и Нагетс прават сè во нападот да изгледа толку едноставно.
„Џокеру, Мело е овде.“
„Еј, Мело“, одговори Србинот.
„Што има, бебо? Ти… правиш играта да изгледа така лесно, без напор. Што е тоа што вие како тим го правите заедно сега, на почетокот на сезоната?“
„Мислам дека имаме различни опции… Се почитуваме еден со друг… ако на некого му тргне, му ја даваме топката. Имаме толку многу движења и толку различни акции… мислам дека имаме толку многу напаѓачки оружја… и ги користиме сите во моментов.“
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







