во ,

Што ќе правиме сега? Ќе не дознае целиот град…

Доктор имал љубовна афера со медицинска сестра. Еден ден таа му кажала дека е бремена. Докторот бил потресен од веста. Сестрата прашала:

– Што ќе правиме сега? Ќе не дознае целиот град.

Докторот:

Реклама

– Ќе ти дадам пари, оди на одмор во странство, на пример во Италија. Кога бебето ќе се роди прати ми разгледница, но на неа напиши некоја лозинка. На пример
шпагети. Така ќе знам дали бебето се родило.

Речено, сторено. Таа заминала за Италија. После неколку месеци, жената му вели на докторот:

– Вчера стигна многу чудна разгледница од Италија.

– Навистина? Дај да ја видам. – рекол докторот.

Жената му ја дала, ја прочитал и паднал во несвест. Веднаш го однеле во болницата каде работел. Таму неговите колеги ја прашале жена му:

– Што се случи? Што толку силно го потресе?

Жената:

– Не знам, само ја прочита честитката на која пишуваше: “Три порции шпагети. Две со колбаси и една без ништо.”


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Добар ден може ли да добијам една бакљава?

Која ти е најтешката работа шо си ја работил до са?