
Рускиот фитнес тренер и инфлуенсер Дмитриј Нујанзин (30) почина во сон откако со недели спроведувал опасен експеримент – јадел по 10.000 калории дневно за намерно да се здебели.
Нујанзин имал план да качи 25 килограми, а потоа драстично да ги симне заедно со своите клиенти во „маратон за слабеење“, за да им послужи како мотивација. Секојдневно консумирал огромни количини брза храна: колачи и торта за појадок, кнедли со мајонез за ручек, хамбургери и пици за вечера, а помеѓу оброците грицкал чипс.
Срцето не го издржало „маратонот на храна“
-
Те сакам како пивото
699 ден
524.25 ден
Откако успеал да качи околу 13 килограми за неколку недели (од 92 на 105 кг), тој почнал да се жали на лоша здравствена состојба и ги откажал тренинзите, најавувајќи дека ќе оди на лекар. За жал, не стигнал – бил пронајден мртов, а според руските медиуми, неговото срце застанало во сон поради екстремното оптоварување на организмот.


