
Животот стана луксуз: Едно семејство треба да заработува над 1.000 евра за да го преживее месецот!
Јануари, традиционално најтешкиот месец за македонските граѓани, годинава донесе нов ценовен удар. Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) објави алармантни податоци: минималните месечни трошоци за едно четиричлено семејство достигнаа вртоглави 66.413 денари. Ова претставува скок од 921 денар само во споредба со декември, потврдувајќи дека инфлацијата и понатаму го јаде стандардот.
Ако сте под кирија – мисијата е невозможна
-
La Linea v14
699 ден
524.25 ден
Ситуацијата е уште подраматична за семејствата кои немаат сопствен дом. Доколку во пресметката се вклучи и кирија за скромен стан од 60 метри квадратни, минималната кошница се искачува на фантастични 81.788 денари. Ова значи дека двајца родители на минималец не можат да ги покријат ниту основните трошоци за живот.
Каде одат парите? Само за храна 400 евра!
Структурата на трошоците покажува дека најголем дел од домашниот буџет се троши за гола егзистенција:
- Храна и пијалоци: 24.211 денари (недоволно за квалитетна и разновидна исхрана).
- Режиски трошоци: 6.338 денари (струја, вода, греење).
Остатокот се распределува за превоз, хигиена и облека, оставајќи минимален или никаков простор за култура, едукација или одмор.
ССМ најавува улица: „Бараме 600 евра минималец или генерален штрајк“
Овие поразителни бројки се главниот аргумент на ССМ за најавената радикализација. Синдикатот е дециден дека со вакви цени, платите мора итно да растат. Нивното барање е јасно: минимална плата од 600 евра и линеарно зголемување на сите останати плати. Доколку Владата и работодавачите не слушнат, ССМ веќе најави масовни протести и блокади во наредниот период.


