во ,

Џенифер Лопез „тежи“ 2 милиони долари за една ноќ: Спектакл на индиска свадба во Удаипур

Американската музичка ѕвезда Џенифер Лопез заработи околу два милиони долари за настап на раскошна свадба на индиски милијардери во Удаипур, Индија.

Минатиот викенд, Џеј Ло ги забавувала гостите на венчавката на Нетра Мантена (ќерка на фармацевтскиот магнат Рама Рају Мантена) и технолошкиот претприемач Вамси Гадирај. За време на настапот, таа ги извела своите најголеми хитови како „Waiting for Tonight“ и „Get Right“, менувајќи неколку сценски костими – од традиционално сари до провокативни бодија и светкави костими.

Четиридневна прослава со елитни гости

Супер Попуст -25%

Покрај настапот, Лопез одржала и краток говор со здравица за младенците. Свадбената веселба траела четири дена (од 20 до 23 ноември), а меѓу гостите бил забележан и Доналд Трамп Јуниор. Првата вечер атмосферата ја загревал познатиот диџеј Тијесто.

 

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

„Прво пофалете го, па дајте му го планот“: Протече снимка како Виткоф ги учел Русите да манипулираат со Трамп

Гувернерот направи хаос со изјавата: Војниците кај Белата куќа се живи, но во критична состојба!