во , , , ,

16 „Пред VS. Потоа“ фотографии кои ќе ве мотивираат да направите генералка во домот

Дали уште го одложувате пролетното чистење на домот и ништо не може да ве натера да го направите тоа? Тогаш можеби ќе ве мотивираат овие фото споредби.

Мал број луѓе уживаат во средувањето на домот, а оние кои го мразат тоа секогаш наоѓаат изговор да го одложат чистењето. Обично овие изговори се целосно оправдани – некои се презафатени со работа, некои се преморени кога ќе се вратат од работа, некои имаат деца и сфаќаат дека е залудно да чистат кога за пет минути пак ќе биде хаос…

Но, сите сме забележале дека се чувствуваме многу подобро откако ќе го исчистиме нередот, а потребен ни е само мал поттик да го направиме тоа.

Реклама

Луѓе од светот објавуваат фото-споредби од домот пред и по чистење – сигурно ќе ве мотивираат:

„Пробувам да бидам поорганизирана додека минувам низ тежок период“

„Конечно ја средив спалната. Се чувствувам преродено“

„Денес решив да ја средам собата за играње на моите деца. Уживајте во погледот, бидејќи ќе трае само 5 минути“

„Цела година се нервирам за нередот во овој шкаф. Денес имав време да го средам“

„Да бидам искрена, навистина се изморив“

„Си го средив работното биро!“

„Многу сакам кога после темелно чистење, можам да ја видам целата соба“

„Добив отказ и три недели бев депресивна. Но, сега сè е чисто и се чувствувам многу подобро“

„Пред и потоа. Тешко ми е да поверувам дека е истиот гардеробер на двете фотки“

„Вложив многу труд и потрошив многу средство за чистење“

„Редно беше да ја исчистам рерната“

„Сфатив дека не е така лесно да живееш сам, но денес успеав да го средам целиот неред“

„Вчера мојот поранешен партнер се исели и сега бањата блеска“

„Го исчистив аквариумот!“

„Се разбудив среде ноќ и сакав да си направам кафе, но сите филџани беа валкани. Ова ме инспирираше да ја исчистам кујната, па дури и да ги офарбам ѕидовите“


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Српскиот јутубер Бака Прасе ја покажа девојката: „Фала што ме трпеше кога бев најлош“

9 Интересни факти за земјата во која само 20 отсто од населението користи интернет, а 99,7 отсто од луѓето се писмени