Тргнал тигарот да се шета во џунглата и видел некое магаре, почнал да кружи околу него, па го прашал:
– Абе, магаре, кое е најсилното животно во џунглава? – Магарето цело потресено му одговорило:
-
La Linea v8
699 ден
524.25 ден
– Па, ти си тигре, нормално.
Продолжил тигарот понатаму, па видел елен. Се приближил до него и му го поставил истото прашање. Еленот пребледнел кога го видел, ама собрал сили па одговорил:
– Тигре, нема посилен од тебе! Тигарот полн со самодоверба, оди понатаму, се доближува до еден слон и го прашува:
– Еј, слону. Кое е најмоќното животно во џунглава, а?
Слонот го фатил тигарот со сурлата околу вратот, го кренал и гп треснал два пати од земја, го свиткал како топка и го акнал од дрво. Се соземал тигарот, па зашеметен искоментирал:
– Добро бе слону, ако не го знаеш одговорот, не се нервирај толку.


