во ,

„Ав, ав“ од небото: Jапонскиот иновативен метод за бркање мечки

Во централниот дел на Јапонија, властите одлучија да се борат против сè почестите напади на мечки со – дронови кои лаат.

Префектурата Гифу најави дека во наредните недели ќе почне да користи беспилотни летала кои емитуваат звуци на кучиња и огномет, во обид да ги исплашат животните кои сè почесто влегуваат во населените места.

Дроновите ќе бидат распоредени во областите Такајама и Ширакава, каде што во последните неколку недели е забележан пораст на средби меѓу луѓе и мечки, пренесува „Кјодо“. Во Ширакава, на почетокот на октомври, младенче од мечка нападнало шпански турист, кој за среќа, се здобил само со полесни повреди.

Повеќе од само бизарна идеја – иновативна мерка

Гувернерот на префектурата, Јошихиде Есаки, изјави дека Јапонија сака да спроведе „проактивни и иновативни мерки“ за жителите да можат да се чувствуваат побезбедно. Владата планира да соработува со здруженијата на ловци, кои ќе помогнат во одредувањето на бројот на дронови и нивните рути.

Само од април до октомври, забележани се повеќе од 830 видувања на мечки и четири случаи на напади, што е забележителен раст во однос на претходната година (674 видувања и три повреди).

Иако идејата за дронови кои лаат делува необично, локалните власти веруваат дека комбинацијата на звук, светлина и висината на летот ќе биде поефикасна од досегашните методи.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тој е помлад од ќерка ѝ: Мадона (67) ја планира свадбата со 29-годишното момче