во , , , ,

Актерот Двејн Џонсон одлучи да му се одолжи на пријателот кој му помогнал кога тој бил бездомен

Пријателството е јасно нешто што му е многу важно на Двејн Џонсон. Кога актерот бил дете тој и неговата мајка биле иселени од Хаваите и завршиле на улица. Бруно Лауер кој што тогаш работел како менаџер во борење под титулата Харви Виплман во 90-тите години, ги примил во својата приколка.

Додека живееле во приколката Рок ја започнал и својата боречка кариера. Исто така Бруно му помогнал на Двејн да го купи својот прв автомобил кога бил тинејџер.

„Мајка ми и јас бевме протерани од островот Хаваи и ме испратија во Нешвил, Тенеси да живееме со татко ми. Кога слетав во Нешвил, брзо открив дека нема да живеам со татко ми. Се случува, плановите се менуваат и тоа е начинот на кој се одвива.“, вели Двејн.

Така тој завршил кај Бруно и станале доживотни пријатели. Рок одлучил на својот пријател да му подари автомобил за да му се заблагодари за сѐ. Но, овој автомобил си има свое значење.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Сите овие работи се случуваат за време на само еден ден на Земјата

Како треба да изгледаат 12 ликови од телевизиски адаптации, според оригиналните книги