
Вучиќ во интервју за германски медиум: ‘Секој ден ме споредуваат со Хитлер, а јас нема да бидам претседател ако полицијата користела звучни топови’
Во големо интервју за угледниот германски магазин „Цицеро“ (Cicero), српскиот претседател Александар Вучиќ жестоко ги отфрли обвинувањата дека Србија е „хибриден режим“, тврдејќи дека тој е најголемата жртва на напади во земјата. Тој, исто така, даде смело ветување – дека веднаш ќе се повлече од функцијата доколку се докаже дека полицијата користела звучни топови против демонстрантите, тврдење кое го нарече чиста лага.
Соочен со констатацијата на „Фридом Хаус“ дека Србија повеќе не е слободна демократија, Вучиќ возврати со контра-обвинување. „Имам сосема поинакво мислење“, рече тој. „Ако има некој што е постојано нападнат на ужасен начин во сопствената земја, тоа сум јас. Секој ден ме прикажуваат како некаков си Хитлер“.
Како доказ дека во Србија нема автократија, тој го постави прашањето: „Во кој авторитарен режим е можно зградите на владејачката партија да бидат физички нападнати 800 пати? 29 пати нашите партиски згради се целосно уништени или изгорени“.
„Ако лажам, повеќе не сум претседател“
Вучиќ беше особено категоричен кога беше прашан за критиките од Европскиот парламент за полициска бруталност и наводната употреба на звучни топови (LRAD) за разбивање на протестите. „Тоа никогаш не се случило. Едноставно, не се случило“, изјави тој. „Ќе ви кажам едно: Ако се покаже дека е употребено акустично оружје, тогаш повеќе не сум претседател. Не ја лажам јавноста“.
Според него, критичарите во Европскиот парламент само ги пренесувале лагите на опозициските медиуми, кои се водени од „бизнис-интереси“.
„Знам кои влади ги плаќаат протестите, но нема да кажам“
Во најинтригантниот дел од интервјуто, Вучиќ тврдеше дека има докази оти протестите против него се финансирани од странски влади, но одби да ги именува за да не ги наруши меѓународните односи. „Знаеме дека имаше масовна финансиска поддршка за овие луѓе од странство“, рече тој, опишувајќи ги протестите како „астротурфинг“ – лажна ПР-кампања која глуми спонтано граѓанско движење.
Тој истакна и една интересна промена: додека порано протестите биле проевропски, последните големи демонстрации (како оние во Нови Сад) доаѓале од ултрадесничарски студентски групи. „И оттогаш финансиерите исто така се повлекоа“, заклучи Вучиќ, додавајќи дека во моментот има поголеми грижи, како што се енергетските проблеми, кои за Србија се „прашање на опстанок“.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







