
На кинеското небо се појави втора, унапредена верзија на тешкиот борбен авион Ј-36, што предизвика големо внимание во светските воени и воздухопловни кругови кои го проследија новиот лет на мистериозниот авион.
Фотографиите од вториот прототип на овој огромен авион, кој многумина го нарекуваат „летечки гигант“, кружат на социјалните мрежи и покажуваат низа големи измени во однос на првиот модел. Според достапните информации, летот е изведен над градот Ченгду, во близина на фабриката „Chengdu Aircraft Corporation“, каде што и минатиот декември првпат полета оригиналниот Ј-36.
Од YF-23 до F-22: Што ни откриваат промените?
-
Хемија
699 ден
524.25 ден
Новите снимки откриваат дека е задржана карактеристичната делта-форма на крилата, но и дека се направени сериозни промени во клучните сегменти. Најголемо внимание привлекува новиот систем на издувни млазници. Додека првиот Ј-36 имаше вовлечени издуви (слични на американскиот експериментален YF-23), сега на вториот прототип се гледаат три остри, аголни млазници кои неодоливо потсетуваат на 2Д-млазниците за векторски потисок на американскиот F-22 Раптор.
Ако е потврдено дека се работи за потисен вектор (thrust vectoring), тоа би значело дека Кина ја тестира способноста за маневрирање слична на онаа кај најнапредните американски ловци. Ваквиот систем овозможува поголема стабилност и управливост при големи брзини, особено кај модели без опашка како Ј-36.

Повеќе од само ловец – ова е тежок бомбардер
Новиот модел има и поинакви влезови за воздух: сега користи т.н. DSI систем (divertless supersonic intake), кој ја подобрува работата на моторот при големи брзини и истовремено го намалува радарскиот одраз (стелт).
Забележан е и целосно нов дизајн на главната опрема за слетување, која сега има двојни тркала поставени едно до друго. Ова, според експертите, јасно упатува на тоа дека авионот е исклучително тежок и наменет за долги мисии. Сите овие измени укажуваат на тоа дека Ј-36 е сè уште во експериментална фаза, но и дека Кина спроведува забрзан развој со цел да создаде нова „перјаница“ на своето воздухопловство – хибрид од ловец од петта генерација и стратешки бомбардер.

-
Никогаш да не се заборави
699 ден
524.25 ден -
Петок
699 ден
524.25 ден -
Верувај во себе
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v23
699 ден
524.25 ден -
Насмевката на музиката
699 ден
524.25 ден







