
Рекордни количини на повлечен гас на прагот на зимата
Според податоците со кои излезе „Гаспром“, количините гас што биле повлечени од европските складишта на 28 и 29 октомври, како и на 1 и 2 ноември, достигнале историски највисоки вредности за тие календарски датуми од кога се води евиденција. Руската компанија нагласува дека ваквиот брз расход може постепено да го намали дневното испорачување гас, создавајќи сериозни ризици во деновите кога се очекува нагло зголемување на побарувачката поради студеното време.
-
La Linea v13
699 ден
524.25 ден
Повикувајќи се на податоците од организацијата „Гас инфраструктура Европа“, европските складишта на 28 октомври биле наполнети до 74,9%, што претставува најниско ниво за почеток на грејната сезона досега.
Критични резерви во Германија, Холандија и Австрија
Посебно загрижувачки се податоците за поединечни земји. Германија, која располага со едни од најголемите капацитети за складирање, ја започнала сезона со исполнетост од едвај 61,6 проценти, додека резервите во Холандија и Австрија исто така се паднати под 70 отсто.
Претходните предупредувања од Меѓународната агенција за енергија укажуваа на можноста европските резерви да се спуштат под 10 отсто од вкупниот капацитет до крајот на зимата. Подземните складишта се клучни за европскиот систем бидејќи покриваат до една третина од зимските потреби на Европската Унија, и покрај европската регулатива од 2022 година која наложуваше наполнетост до 90% пред почетокот на сезоната.
„Гас веќе се повлекува од европските складишта со голема брзина. Повлечените количини… беа најголеми за тие датуми откако започна водењето евиденција“, соопштија од рускиот енергетски гигант.


