Трамп и Столтенберг во неформален разговор со неочекувана тема
Доналд Трамп повторно го актуализира своето барање за Нобелова награда за мир – овојпат преку директен телефонски повик.
Минатиот месец, поранешниот американски претседател Доналд Трамп „од никаде“ му се јавил на норвешкиот министер за финансии Јенс Столтенберг, поставувајќи му прашање за номинација за Нобелова награда за мир. Повикот, според норвешките медиуми, се случил додека Столтенберг шетал низ Осло, а темата на разговорот преминала и на царини и економска соработка.
Стара желба во нов контекст
Ова не е првпат Трамп да го праша Столтенберг за ова прашање. Поранешниот генерален секретар на НАТО потврди дека разговарале и за други теми, но не навлегуваше во детали. Повикувајќи се на своите дипломатски успеси, Трамп сака да остане запаметен како миротворец – посочувајќи ја улогата во завршувањето на кратката војна помеѓу Камбоџа и Тајланд, како и потпишувањето на мировниот договор помеѓу Ерменија и Азербејџан.
Сепак, тој повеќепати јавно изразил разочарување што не е добитник на Нобелова награда за мир, иако смета дека неговите потези во случаи како Русија-Украина и Израел-Иран се доволни за такво признание. За него, најважно е, како што вели, дека „луѓето знаат“ за неговите заслуги, без разлика на официјалното признание.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден -
Мисли различно
699 ден
559.20 ден -
Хемија
699 ден
559.20 ден -
Книгосаурус
699 ден
559.20 ден