во , , ,

Арсовска со нова акција: Откриен див приклучок за наводнување на илјадници квадрати пластеници

„Денес е фатен нов див приклучок на вода и изготвена е кривична пријава за сторителот.“

Сторителот, во општина Сарај, незаконски се приклучил на мрежата за питка вода. Целта му била да си ги наводнува пластениците кои се простираат на неколку илјади метри квадратни. Ова го објави градоначалничката Данела Арсовска.

Крадел вода за пиење, ги оставал граѓаните со слаб притисок

„Поради случаи како овој, граѓаните се соочени со сериозен недостаток на притисок. И во урбаните и во руралните средини,“ напиша таа. Според неа, ваквите кражби не само што предизвикуваат недостаток на вода, туку и се избегнува плаќање на сметки од илјадници евра.

Реклама

Таа потсети дека во јуни е констатирана енормно зголемена потрошувачка на вода. Во одредени денови таа изнесувала рекордни 356.000 м3, што е околу 700 литри вода по глава на жител. Ова е предизвикано од несовесното трошење за полевање ниви и полнење на базени.

Арсовска до институциите: „Не постапувајте вие, штитете ги криминалците“

На крајот од својата објава, Арсовска со ироничен тон им се обрати на институциите. „Институции, МВР, Јавно обвинителство, не постапувајте вие и понатаму. Во безредие секој мисли дека може да прави што сака,“ напиша таа.

„Може, бидејќи можат ликови како Висар Ганиу. Како децата бизнисмени на 5 години. Како оној со дивоградбата од пластичарска што вчера цел ден се заканува!“ Ова е директна критика за, според неа, неказнивоста на криминалот.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Европа гори: Пожари во Грција, Турција и Шпанија, илјадници туристи евакуирани

Германија се соочува со епидемија на кражби: Крадат и сиромашни и богати, индивидуалци и банди