
Граѓаните на Краков неодамна ги шокираше глетка на еден од градските мостови, каде непознат „шегаџија“ оставил електричен скутер на самиот врв, точно над реката Висла!
Бизарната приказна стана вирална, а фотографиите и снимките од „паркираниот“ двотркалец на висина од 40 метри предизвикаа лавина коментари. Повеќето се прашуваат како скутерот воопшто стигнал таму?!
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден

Три часа го спуштаа скутерот
Полицијата добила пријава, по што на лице место била испратена патрола. Повикани биле и пожарникари, на кои им биле потребни три часа безбедно да го спуштат двотркалецот на земја. Полицијата за тоа време го обезбедувала теренот, а сега истрагата се фокусира на идентификување на лицето или лицата кои ја извеле оваа ризична и непромислена акција.
Според комесарот Пјотр Шпјех, портпарол на краковската полиција, непознатиот сторител го нарушил приватниот имот, бидејќи мостот е во сопственост на градскиот водовод.
„Можеше да падне и некого да убие“
Уште поважно, оставањето на електричен скутер на таква висина можело да доведе до тешки повреди или дури и смрт на минувачите доколку паднал.
„Некој во тој момент можел да се наоѓа точно под мостот и да настрада. Ова е крајно неодговорно и опасно однесување“, истакнал Шпјех. Непознатиот „шегаџија“ се соочува со затворска казна до три години.
„Овде не се работи за шега, туку за реална опасност и непотребно ангажирање на итните служби“, заклучил комесарот Шпјех.


