во ,

Без печење: Најкремастата чоколадна торта од само 4 неодоливи состојки

Оваа торта се прави брзо и лесно, а вкусот е нереален за љубителите на чоколадото.

Кремастата торта која што не се пече, а се подготвува од само неколку состојки ќе исчезне брзо од секоја чинија.

Уживајте во нејзиниот вкус!

Состојки:

250 грама мелени бисквити;
100 грама путер;
400 грама чоколаден крем;
500 грама крем сирење.

Подготовка:

Соединете го путерот со една лажица чоколаден крем, па стопете ги на пареа. Во добиената смеса додадете ги мелените бисквити, па соединете. Оставете смесата да се зацврсти во фрижидер.

Остатокот од чоколадниот крем помешајте го со крем сирењето и изматете ги убаво. Филот оставете да се излади во фрижидер.

Извадете ја смесата од бисквитите, па ставете ја во калап за торта и израмнете. Одгоре ставете го филот и убаво распоредете го.

Оставете ја тортата во фрижидер убаво да се стегнат филот и кората.

Пријатно јадење!

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Фабрика на слатки облаци: Руски град во кој се патува поради совршениот традиционален десерт

Во Дубаи „никнува“ најголемото уметничко дело на светот