Кога би се бирал „најслаткиот“ град во Русија, тоа би бил Коломна, кој е синоним за традиционалниот десерт од јаболка наречен пастила.
Но, не дозволувајте називот да ве измами – пастила нема никаква врска со бонбони. Станува збор за пенест и мек десерт чија текстура се споредува со „снег“ од белки, облаци, маршмелоу…
-
Јас сум толку стар
699 ден
524.25 ден

Коломна е сместена 100-тина километри од Москва и лежи на 3 реки, а позната е по градините, јаболковите и црешовите дрва уште од 15-от век. Пастилите за првпат се споменуваат 100 години подоцна, кога настанале како одговор на вишокот плодови кои требало да се искористат за да не се фрлат.
Тие се омилен зимски десерт кога недостасува сезонско овошје. Јаболката најпрвин се печат додека не омекнат, а потоа се гмечат како пире и се мешаат со белки и шеќер. Смесата се истура во слоеви со дебелина од неколку центиметри и се суши пред да се обликува во ленти или облици по желба.

За пастилата најдобра јаболка се цврстите и киселкасти видови како што е руската Антоновка која изобилува со пектин. Во традиционалниот десерт нема хемија – се користат само природни состојки без бои и адитиви.
Иако пастилите се прават и во други делови од Русија, Коломна станала позната по тоа дека „создава облаци од јаболката“.

Иако некој период овој десерт „паднал“ во втор план, тој во последно време повторно се враќа на полиците. За првенството во уметничко лизгање 2008 година, се бришела прашина од старите бележници со рецепти, а пастилите станале сувенир за натпреварувачите и посетителите.

-
Време за пиво
699 ден
524.25 ден -
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден -
Пулсот на пивото
699 ден
524.25 ден -
La Linea v11
699 ден
524.25 ден -
Хемија
699 ден
524.25 ден -
La Linea v8
699 ден
524.25 ден








