
Вештачката интелигенција (AI) со огромна брзина го менува глобалниот пазар на труд, а технолошките лидери предупредуваат на драстични промени во наредните години. Основачот на Microsoft, Бил Гејтс, смета дека програмерите, биолозите, енергетските инженери и професионалните спортисти сè уште имаат сигурност. Од друга страна, експертот за вештачка интелигенција, д-р Роман Јамполски, излезе со многу понеизвесни и попесимистички прогнози. Тој предупредува дека веќе до 2027 година светот би можел да развие општа вештачка интелигенција (AGI), способна да ги извршува речиси сите човечки интелектуални задачи.
Можност за 99 отсто невработеност и целосна автоматизација
-
La Linea v16
699 ден
524.25 ден
Во своето гостување во подкастот „Diary of a CEO“, Јамполски истакна дека комбинацијата на AGI со хуманоидни роботи може драстично да ја намали побарувачката за човечка работна сила. Тој дури предупреди дека за само пет години и физичката работа би можела да биде целосно автоматизирана, со што светот би се соочил со невидени стапки на невработеност кои би можеле да достигнат дури 99 проценти. Сепак, и покрај овие застрашувачки предвидувања, експертот посочува дека одредени категории на работни места дефинитивно ќе останат релевантни на пазарот.
Човечкиот фактор и емпатијата остануваат незаменливи
Според анализите на Јамполски, луѓето секогаш ќе бараат професии со директен човечки контакт, како на пример сметководителите на кои клиентите им веруваат повеќе отколку на машините. Втората сигурна група се професиите кои бараат човечки емоции и емпатија, како што се психолозите и психотерапевтите. Покрај нив, технолошкиот развој ќе создаде потреба од надзорници на AI системите кои ќе ги контролираат одлуките на машините, како и „преведувачи“ на вештачката интелигенција кои ќе ја олеснуваат комуникацијата меѓу технологијата и корисниците. Во свет на суперинтелигенција, единственото што никој не може да го направи подобро од вас е да бидете – вие, заклучува Јамполски.


