Ако сè уште не влегол во „Мадам Тисо“, еве можност! Дури не мора ни да му изработуваат реплика, се шегуваат коментаторите на интернет на кои, очигледно, новиот Бредли Купер воопшто не им се допаѓа.
Ерупцијата на „невоодушевеност“ следуваше по премиерата на филмот „Is This Thing Going On?“ пред три дена во Њујорк, а сомнежите се разбудија уште порано, во септември, кога се појави на една забава и ги фрли присутните во дилема.
„Изгледа како да освоил трето место на натпревар за најдобар двојник на самиот себе“, се немилосрдни корисниците на мрежата Х, најлутите критичари на сè и сешто. Кој ќе им падне „во очи“, а потоа и „на нишан“, се знае што го чека. Новото остварување, во кое Купер не ја игра само главната улога, туку е и режисер, во овие моменти воопшто не ги интересира, иако, без никакво сомневање, тој проект за него е особено значаен.
Холивудскиот срцекршач го промени личниот опис, е општиот заклучок.
Има и детални анализи – цртите на лицето му станале поостри, очите ја изгубиле живоста… Некои веруваат дека причината за трансформацијата се козметички зафати, пред сè фејслифтинг, како и третмани кои вклучуваат ботокс и филери, додека други се сомневаат на посериозни интервенции како ринопластика, блефаропластика, па дури и трансплантација на коса.
„Изгледа како грда восочна фигура“, „О, боже, зошто му е потребно толку многу ботокс?“, „Што му направи Бредли Купер на своето убаво лице?“, „Не знам што точно направил од себе, но дефинитивно не ми се допаѓа“, „Стана копија на Чарли Шин“, „Сега изгледа постаро, а не помладо“, „Целосно ја изгуби харизмата“, „Нема емоции на лицето, ни сјај во очите“, „Друга личност“, „Некогаш беше најсексипилниот маж на светот, сега е реклама за пластична хирургија“, „Изгледа по малку језиво“… Тешко е да се пронајде позитивен коментар.
Во дискусијата се вклучија и естетските хирурзи.
Д-р Рајан Меркс сугерира дека актерот можеби го затегнувал вратот и долниот дел од лицето, но тој зафат резултирал со визуелна нескладност. „Средниот дел продолжува природно да се спушта, додека вилицата и вратот станале премногу цврсти и се во контраст со образите и јаболчниците“, објаснува експертот.
Наспроти него, д-р Џон Дијаз од Беверли Хилс верува дека до промените дошло поради природно стареење (Бредли Купер во јануари прослави 50 години) во комбинација со можни третмани со ботокс. „Забележлив е губиток на волумен на очните капаци и јаболчниците, што доведува до создавање на сенки и вдлабнатини, поради што лицето делува уморно. Некои работи едноставно се случуваат со годините. Можеби претерал со ботокс во пределот на челото, па веѓите му се благо спуштени. Сепак, не гледам знаци на операции“, вели д-р Дијаз.
Коментаторите на социјалните мрежи главно не веруваат во приказната за природно стареење. „Тоа можеше да го направи само скалпел. И добар хирург“, убедени се тие.
Новиот изглед на Бредли Купер отвори и расправа за нереално високите стандарди за убавина што ги наметнува Холивуд.
Бред Пит и Том Круз, „најсомнителните лица“, сега можат да му порачаат на колегата „добредојде во клубот“, а да не заборавиме и дека е 20 години постар од актуелната девојка Џиџи Хадид, па со самото тоа, притисокот да изгледа помладо е далеку поголем.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден