во ,

Британски уметник ја продал најголемата слика на светот за 62 милиони долари

Британскиот уметник Саша Џафри ја продал најголемата слика на светот, насликана на платно, за 62 милиони долари на аукција во Дубаи.

Сликата наречена „Патешествието на човештвото“ е голема колку 2 фудбалски терени, а се состои од 70 различни делови. Организаторите на аукцијата истакнале дека уметничкото дело е продадено за двојно повисока сума на пари од онаа на која тие се надевале.

Џафри ќе ги пренасочи парите од продадената слика во добротворни организации кои им помагаат на сиромашните деца.

Реклама

Андре Абдун, француски државјанин со живеалиште во Дубаи, ги купил сите 70 сегменти. Првобитно било планирано ова дело, кое го држи Гинисовиот светски рекорд како најголема слика на платно, да се продава во делови на различни купувачи, но Абдун одлучил да ги купи сите.

„Пораснав во сиромаштија така што многу добро ги паметам моментите кога немав што да јадам, но барем имав љубов од родителите кои ми овозможија школување и секогаш ми пружаа поддршка. Сликата која ја купив е многу моќна и навистина ми беше жал да земам само еден или два нејзини дела, така што се одлучив за целата“, вели Французинот кој води бизнис со криптовалути.

Абдун додал и дека пандемијата дополнително предизвикала проблеми кај децата ширум светот.

„Затоа мораме да реагираме и ако можам да придонесам во барем еден дел од таа сложувалка, јас ќе бидам среќен“, заклучил тој.

Џафри ја завршил сликата во септември минатата година, а работел 7 месеци на неа во хотел во Дубаи. Тој се надевал дека ќе може да заработи 30 милиони долари од нејзината продажба кој би ги наменил во образовни и здравствени иницијативи за сиромашните деца.

Како што вели тој, изненаден е и среќен што сумата се удвоила и нагласил дека купувачот ќе ја поседува најголемата слика некогаш создадена, а освен тоа ќе има и дел од историјата, односно „дел од човештвото“.

Она што е интересно е што деца од 140 земји индиректно учествувале во создавање на ова уметничко дело така што му испраќале лични изработки на уметникот, пишува „The Guardian“.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Брилијантна идеја: Во продавница за облека продаваат тоалетна харија за да можат да продолжат со работа и покрај мерките

Сопруг ги илустрира идиличните моменти од секојдневниот живот со неговата сопруга и децата