во ,

Брутален напад на Стојаноска: Парите за минималецот се во хациендата на Филипче и во Дубаи

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, упати директен и брутален напад кон СДСМ и Венко Филипче. Таа порача дека парите за повисок минималец се кријат во нивните хациенди на Водно, во Струмица и во луксузниот Дубаи.

Во екот на политичката војна за зголемување на работничките плати, Дафина Стојаноска испрати остра порака преку социјалните мрежи. Таа ги обвини социјалдемократите за масовен грабеж за време на нивното седумгодишно владеење. Според неа, решението за платите е едноставно. Поранешните функционери треба само да го вратат она што го украле.

Затворски казни и враќање на украденото

Супер Попуст -25%

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ упати и отворена закана за кривична одговорност. „Ако ова не го сторат самите, тогаш многу скоро низ судски процеси ќе враќаат сѐ. Следуваат и казни затвор за истото“, напиша Стојаноска. Таа додаде дека ако случајно се најдат тие пари во Буџетот, веднаш ќе бидат пренаменети за хуманитарни цели.

Милионите се во Дубаи и хотел „Парк“

Најголемо внимание предизвика нејзиното лоцирање на наводно скриеното богатство. Стојаноска директно го прозва лидерот на СДСМ, Венко Филипче. „Парите за минималецот може веднаш да се најдат. Дел се на Водно кај хациендите на Филипче. Дел се во Дубаи, а дел во Струмица по масите на хотел Парк“, истакна таа. Оваа изјава дополнително ги вжешти односите меѓу власта и опозицијата.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Џонсон со ултиматум до Европа, или војници за Украина или тишина

Мицкоски се откажа од новиот авион: Ќе летаме со стариот и ќе се молиме на Бога да останеме живи