
Партиската математика: Раст на СДСМ и пад на ВМРО-ДПМНЕ
Во своето соопштение по завршувањето на гласањето, од опозициската СДСМ истакнаа дека првичните резултати од нивниот Аналитички центар укажуваат на позитивен тренд за партијата. Според нивните податоци, во споредба со локалните избори од 2025 година, гласовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ се намалиле за 13 отсто, додека гласовите на контото на СДСМ забележале раст од 46 отсто.
-
Dolce & Kafana
699 ден
524.25 ден
Ваквото претставување на резултатите, во ситуација кога нивниот кандидат Јовица Радески освои околу 700 гласови наспроти речиси 3.000 гласови за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, предизвика вистинска бура на социјалните мрежи од страна на сопственото членство.
Лавина негативни коментари: „Пораз од 4:1 не се претвора во победа“
Наместо да го прифатат партискиот став како успех, голем број членови преку социјалните мрежи отворено го критикуваа раководството. Тие го обвинуваат партискиот врв за неспособност и за обид класичен изборен пораз со сооднос од речиси 4:1 да го претстават како победа.
„Жално за партијата која пропаѓа“, „Не сте нормални“, „Беда“, „Некој тим на психијатри и психолози може да направат добар научен труд од ова“, се само дел од коментарите кои осамнаа на социјалните мрежи како реакција на соопштението, јавуваат медиумите.


