во

ВАЖНО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ГРЦИЈА: Ако добиете порака од 112, веднаш следете ги упатствата!

Македонските туристи кои овој викенд престојуваат во Грција треба да обрнат особено внимание на предупредувањата што пристигнуваат преку системот за итни случаи 112, поради значително зголемениот ризик од шумски пожари во повеќе региони.

За 15 август во повеќе грчки региони е прогласен многу висок ризик од пожари. Ова особено се однесува на омилените дестинации за нашите граѓани – Халкидики и Света Гора, каде е активиран највисок степен на готовност на сите надлежни служби.

Што значи пораката од 112?

Супер Попуст -25%

Пораката од бројот 112 пристигнува директно на мобилниот телефон и речиси секогаш е проследена со силен и карактеристичен звучен аларм. Таа може да биде општо предупредување за опасност во околината, но може да претставува и директна наредба за итна евакуација.

„Доколку во пораката е наведено дека треба да се напушти одредено место, туристите треба веднаш да ги следат упатствата на грчките власти и означените евакуациски правци. Не треба самостојно да избираат алтернативна рута или да се приближуваат кон пожарот.“

Силните ветрови дополнително ја влошуваат состојбата

Силните ветрови кои дуваат во регионот ја зголемуваат опасноста, бидејќи можат многу брзо да го променат правецот и драстично да го забрзаат ширењето на огнот кон населените места и туристичките одморалишта.

Затоа, доколку на вашиот телефон пристигне порака од 112 – прочитајте ја многу внимателно, не паничете и постапете точно според дадените официјални инструкции.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ТРАМП СО ШОКАНТНА НАЈАВА: Можеби наскоро ќе го прогласам Ормускиот Теснец за американска територија!

НЕВЕРОЈАТЕН ИНЦИДЕНТ ВО ПРИЛЕП: Му горела шталата, а тој физички ги нападнал пожарникарите што дошле да ја гасат!