во

НЕВЕРОЈАТЕН ИНЦИДЕНТ ВО ПРИЛЕП: Му горела шталата, а тој физички ги нападнал пожарникарите што дошле да ја гасат!

Непријатен и несекојдневен инцидент се случил во текот на завчерашниот ден во близина на Прилеп, кога револтиран сопственик на штала физички ги нападнал и ги спречил пожарникарите да го изгаснат пожарот што веќе го зафатил неговиот објект.

Според информациите од терен, првите двајца пожарникари кои навремено пристигнале со помало противпожарно возило биле пречекани со агресија. Сопственикот нервозно им се приближил, почнал да ги бутка во градите и физички ги отстранувал за да ги спречи да продолжат со гасењето на огнот.

Супер Попуст -25%

Како последица на ваквото однесување и спречувањето на интервенцијата, поголемата количина на тутун која се чувала во шталата била целосно пеплосана. Инцидентот е веќе уредно пријавен во полицијата, која во моментов работи на целосно расветлување на случајот и санкционирање на насилникот.

Апел: Пожарникарите не се супермени

По повод овој немил настан, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов, упати јавен апел до сите граѓани да имаат повеќе разбирање за исклучително тешката работа на противпожарните екипи.

„Пожарникарите се храбри и пожртвувани, но тие не се супермени за да стигнат на секое место за една минута. Додека стигнат, запалат возила и стигнат до теренот, потребни се 10 или повеќе минути, особено кога истовремено има повеќе пожари на иста територија,“ изјави Ангелов.

Иако надлежните имаат разбирање за револтот и стресот на сопственикот кој претрпел голема материјална штета, од ДЗС децидно истакнуваат дека таквото однесување не ја подобрува ситуацијата, туку само придонесува за зголемување на штетата. Наместо напади, закани и навреди, надлежните ги повикуваат сите граѓани да им дадат максимална поддршка и да им помогнат на пожарникарите кога се на терен.

Погледнете уште

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ВАЖНО ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ТУРИСТИ ВО ГРЦИЈА: Ако добиете порака од 112, веднаш следете ги упатствата!

ИРАН БАРА САД ДА ПРИЗНААТ ПОРАЗ: Трамп ги повика Американците да ги прифатат повисоките цени на бензинот!