
Напредок кон мировните преговори и понатаму нема, ниту пак постои договор за нормализирање на пловидбата низ Ормускиот Теснец, рута низ која пред почетокот на војната се транспортираше околу една петтина од светската нафта. Заменик-министерот за надворешни работи на Иран, Казем Гарибабади, испрати остра порака до Вашингтон:
„Овој теснец ќе биде отворен и затворен само по наредба на Иран. Сè додека не ја прифатите реалноста на поразот и не престанете да живеете во фантазии, Иран ќе продолжи со блокадата.“
-
Балтазар
699 ден
524.25 ден
Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, додаде дека Техеран сè уште нема донесено одлука за продолжување на разговорите и дека САД мора да исполнат строги услови за повторно воспоставување на поморскиот сообраќај. Иранската страна децидно тврди дека контролата врз теснецот не може да се освои со „твит, носач на авиони или предизборен говор“.
Трамп: Повисоките цени се неопходна жртва
За време на политички собир во Њујорк, Доналд Трамп ги повика Американците да прифатат дека бензинот ќе биде поскап. Тој истакна дека плаќањето „малку повеќе за бензин“ е цена што вреди да се плати за да се спречи иранскиот режим да дојде до нуклеарно оружје.
Просечната цена на галон бензин во САД веќе достигнала 4,08 долари, што е зголемување од дури 29 отсто во споредба со истиот период минатата година. Ова поскапување создава силен политички притисок врз Трамп, особено пред конгресните избори во ноември, бидејќи Демократите веќе најавуваат дека енергетската криза ќе биде нивен главен адут во кампањата.
Парализиран сообраќај и нови напади
Последиците од блокадата се катастрофални за глобалниот пазар. Според податоците на „Kpler“, вчера низ Ормускиот Теснец поминале само два брода, додека пред војната таа бројка изнесувала околу 130 пловила дневно.
Ситуацијата дополнително ја влошуваат пријавените напади. Националната нафтена компанија на ОАЕ соопшти дека два нејзини брода биле нападнати во теснецот. Истовремено, ризикот од проширување на конфликтот расте поради нападите на јеменските Хути, кои истрелале шест балистички ракети кон пристаништето Мока на Црвеното Море, при што загинале четири цивили.


