
Бањата е едно од најопасните места во домот кога станува збор за ширење на бактерии и мувла, предупредуваат експертите.
Топлината и влажноста создаваат идеална средина за микроорганизми кои можат да предизвикаат проблеми со кожата, варењето и дишењето. Експертите од „Plumbworld“ издвоија пет предмети што треба итно да ги проверите или фрлите:
1. Стара четка за заби
Ова е еден од највалканите предмети. Ако ја чувате блиску до ВЦ школката, невидливи честички што се ослободуваат при пуштање вода можат да завршат на неа. Менувајте ја на секои 3 месеци или по болест.
2. Сунѓери и луфи
Тие заробуваат мртви клетки и влага, што ги прави совршени за размножување на бактерии. Ако не се сушат целосно, во нив расте цела „микробна заедница“. Менувајте ги на секои 1-2 месеци.
3. Крпи
Дури и да изгледаат чисто, крпите можат да содржат стотици илјади бактерии. Треба да се перат на секои 3-4 употреби на минимум 60°C. Ако крпата мириса на мувла, веднаш заменете ја.
4. Подлоги за бања
Тие се складиште на влага и бактерии, особено гумените подлоги каде брзо се развива мувла. Перете ги еднаш неделно на висока температура.
5. Истечена козметика
Отворените шампони и креми собираат бактерии. Проверувајте го рокот на траење на секои 3 месеци и фрлете сè што е отворено повеќе од една година за да избегнете иритација на кожата.
-
La Linea v1
699 ден
559.20 ден -
Петок
699 ден
559.20 ден -
La Linea v3
699 ден
559.20 ден -
Спаси ја водата, пиј пиво
699 ден
559.20 ден -
Јас сум толку стар
699 ден
559.20 ден -
Џаст До Ит!
699 ден
559.20 ден







