во , ,

Висок 4 метри: Необичен чувар на песочната плажа кој им се „заканува“ на туристите од морето

Статуата на Посејдон е дело на шпанскиот скулптор Луис Аренсибија, кој е роден и израснал во Телде, a како момче често пливал до овој дел…

Песочната плажа Меленара во Телде, на источниот дел на островот Гран Канарија е популарно место за капење и сончање помеѓу локалното население, делумно благодарение на необичната статуа која излегува од морето и е вистинска мала туристичка атракција.

Реклама

Доколку погледнете од плажата кон отвореното море, може да ве исплаши глетката на намуртениот бог на морето и земјотресот, кој во римската митологија се нарекува Нептун, а во Грција – Посејдон.

Станува збор за 4 метри висока бронзена статуа, поставена во 2001 година на карпа од вулканско потекло во непосредна близина на плажата Меленара. Но, кога Атлантскиот океан е разбрануван, карпата не се гледа така што се чини како статуата да излегува од морето со заканувачки трозабец во рацете.

Статуата на Посејдон е дело на шпанскиот скулптор Луис Аренсибија, кој е роден и израснал во Телде, a како момче често пливал до овој дел. Во тоа време, не ни помислувал дека неговото омилено место за одмор еден ден ќе стане туристичка атракција.

Иако немилосрдните океански бранови во меѓувреме му ја одзеле едната рака и трозабецот на Посејдон, статуата и понатаму ги фасцинира сите оние кои ги поседуваат Телде и плажата Меленара.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

37 Мемиња ги прикажуваат секојдневните проблеми на луѓето од ИТ секторот

40 Луѓе кои се тотални експерти и не им треба мајстор во животот