
Од денеска, 26 ноември, па сè до сабота, во Македонија ќе преовладува претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни.
Најинтензивни врнежи се очекуваат во текот на денешниот и утрешниот ден (среда и четврток), кога локално ќе наврнат над 25 литри на метар квадратен, а на одредени места се можни и ретки грмежи. За целата територија на државата е издадено жолто предупредување поради очекуваните обилни врнежи и повремено засилениот јужен ветер.
Студен бран и снег од утре
-
La Linea v9
699 ден
524.25 ден
Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, од утре (четврток) се очекува пад на дневните температури за 4 до 6 степени. Под влијание на циклонска активност, врнежите на планините и повисоките места ќе преминат во снег, што ќе доведе до формирање на снежна покривка.
Нестабилното време ќе се задржи до сабота, 29 ноември. Стабилизирање на временските услови, престанок на врнежите и постепено разведрување се очекува дури од недела, 30 ноември.


