во ,

ВОЗАЧ ОД МАКЕДОНИЈА (60) ЗАГИНА ВО ХОРОР СУДАР ВО ИТАЛИЈА!

На периферијата на Равена, Италија, во близина на каменолом, се случила тешка сообраќајна несреќа во која загинал 60-годишен возач од Македонија, Ислами Месут, кој живеел во Луго.

Во директниот судар на два камиони повреден е и другиот возач. Несреќата се случила кога двата камиони се движеле во спротивни насоки – едниот влегувал, а другиот излегувал од каменоломот.

Повеќе од само судар – „Камионите згмечени до непрепознавање“

Репортерите од местото на настанот јавуваат дека сударот бил страшен, а едниот камион бил „згмечен до непрепознавање“. Повредениот возач бил префрлен со хеликоптер во медицинскиот центар во Равена. Сообраќајот во областа бил во прекин подолго време додека не се отстраниле тешките камиони.

Сподели:

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

ЕДИНСТВЕНИОТ РЕЦЕПТ ШТО ВИ ТРЕБА: Старински уштипци од нашите баби, меки како душа!