во , ,

Вознемирен слон превртел автомобил во Јужна Африка

Возач на СУВ во Јужна Африка на потешкиот начин научил што се случува ако му засметаш или вознемириш слон.

Инцидентот е забележан во iSimangaliso Wetland Park во јужноафриканската провинција Квазулу-Натал пред неколку дена додека џип минувал низ паркот.

Снимката која е објавена на социјалните мрежи и на Јутјуб, го прикажува моментот кога слонот го турка и го превртува СУВ-от, кој завршил на покривот.

Реклама

Сето тоа го снимил друг возач кој се обидувал да му привлече внимание на слонот со сирена.

Патниците на СУВ-от се полесно повредени, а вработените од паркот покренале истрага со цел да дознаат која е причината за нападот на слонот.

Бројните резервати и паркови во Јужна Африка им дозволуваат на туристите да им приоѓаат на слоновите со своите автомобили, кои инаку се мирни, но во овој случај очигледно се случило нешто што го вознемирило и налутило слонот.

Силното животно си „поиграло“ со автомобилот како играчка и лесно го превртело.


Кул Маици: -20% Попуст
Бесплатна достава над 2000 ден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

15 Катастрофални дизајни кои ќе ве натераат да се фатите за глава

Се родила како жена, па станала маж: Сега се предомислила и повторно се обидува да стане жена!