во ,

Во Кина истовремено биле срушени 15 облакодери за само 45 секунди

На Јутјуб објавено е видео на кое се прикажува истовременото рушење на дури 15 облакодери, кои се вредни околу 154 милиони долари. Биле срушени за само 45 секунди.

Тајван Њуз пишува дека облакодерите биле дел од незавршениот проект на Лијанг Стар Сити од 2011 година. Овој проект често бил прекинуван и после промената на власта, а дури и по интервенцијата на владата проектот не продолжил до крајот на минатата година. Тогаш правата на сопственост ги откупи една компанија за 154 милиони долари.

Одлучено било изградбата да се стопира бидејќи проектот не ги задоволувал актуелните барања од пазарот, потоа било откриено дека темелите биле изложени на дождовница и дека е невозможно да се направи поправка. Поради тоа единствена опција било нивно рушење.

Зоната на експлозија била 500.000 метри квадратни, што е и најголемата зона за рушење во Кина. Евакуирани биле околу 2.000 домаќинства, а за рушењето биле искористени 4,6 тони експлозиви поставени на 85.000 точки во 15-те облакодери. За рушењето потребни биле само 45 секунди.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Комшиjа, ми се заглави автомобилот во снегот…

Полицаец од Алабама е двојник на глумецот Двејн Џонсон